fbpx

Заев за Тв Стар: Обезбедена е платежна картичка за 100 илјади граѓани, го помагаме домашниот туризам, ја поттикнуваме домашната потрошувачка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

 

 

 

 

Заев за Тв Стар: Обезбедена е платежна картичка за 100 илјади граѓани, го помагаме домашниот туризам, ја поттикнуваме домашната потрошувачка
 
Да се помогне секому кому му е потребна помош,  со што ќе се обезбеди зголемување на потрошувачката, директна поддршка на стопанството земјоделството и туризмот, но и истовремено да овозможиме и динамичност и градење на развојна македонска економија базирана на иновативни решенија, беа главните принципи од кои се водевме кога ги креиравме економските мерки, нагласи претседателот на СДСМ Зоран заев во интервју за ТВ Стар.
 
Тој додаде дека станува збор за пакет на мерки кој е 5,5 проценти од БДП или 550 милиони евра,  директни пари. Заедно со ефектите што се постигнуваат преку враќањето на дополнителното ДДВ кон фирмите, со одложените аконтации на данокот на добивка, со одложените аконтации на персонален данок на доход, се стигнува до една милијарда евра поддршка,  што е десет проценти од БДП.
 
„Само мерките од третиот пакет опфаќаат 730 илјади граѓани или околу 320 илјади семејства од вкупно 480 илјади семејства. Во сите три пакети дименизониравме мерки за јакнење на економијата, преку пуштање пари за најсиромашните, за најзагрозените. Тие да трошат, да ја креваат продажбата на домашното производство и услуги. Даваме платежна картичка за сите невработени баратели на работа, околу 100 илјади граѓани и на 27 илјади граѓани кои се приматели на социјална помош како домаќинства, тоа се некаде околу 16 милиони евра. Сите граѓани што имаат приход помал од 15 илјади денари добиваат ваучер од 100 евра за туризам во домашните туристички капацитети и плус добиваат платежна картичка од 50 евра. Сите млади до 29 години – студенти, средношколци сите ќе добијат доболнителен ваучер за партиципација, за студентски дом, за ученички домови или приватно сместување во регистрирани капацитети“, додаде Заев и нагласи дека се обезбедени и 500 евра за ИТ-едукација и дигитализација за младите.
 
Тој информираше дека побезбедена е поддршка за земјоделието, преку покривање на 50 проценти од трошоците за зелената нафта, како и со финансиска поддршка за производителите на грозје за производство на вински алкохолен дестилат.
 
„Димензиониравме мерки како платформа за текстилната индустрија, да отвориме нови пласмани за нашиот текстил и за чевларската индустрија. Обезбедена е сериозна поддршка во стопанството преку бескаматните кредити од мерките Ковид 1 и 2“, додаде Заев. 
Последни вести