Соопштение за јавност
Граѓаните во континуитет ги препознаваат успешните мерки и политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.
Тоа го потврдуваат бројни релевантни испитувања на јавното мислење.
Последното во низата е испитувањето на „Брима“ каде СДСМ има стабилно и солидно водство пред ВМРО-ДПМНЕ и останатите политички субјекти.
На прашањето „доколку денеска се одржат парламентарни избори за која политичка партија или коалиција би гласале?“ 19,5 отсто од испитаниците се изјасниле за СДСМ, а 17,5 за ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев и понатаму е политичар со најголема доверба од граѓаните од 11,8 отсто, додека Христијан Мицкоски има само седум отсто.
ВМРО-ДПМНЕ за прв пат има најслаб резултат на овие анкети откако Брима го прави својот политички Барометар.
Ова е силна потврда дека граѓаните се против деструкциите, лажните вести и блокадите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Додека СДСМ се бори за правда, да нема недопирливи пред законите, ВМРО-ДПМНЕ брани криминалци, додека СДСМ креира и реализира економски мерки за помош, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира истите.
Граѓаните не сакаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во времето на режимот, граѓаните сакаат да продолжи развојот и напредокот на општините и државата со СДСМ.
На овие локални избори граѓаните ќе застанат зад концептот на СДСМ кој води напред, концепт на нови инвестиции за локален развој.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и нивниот концепт на лажни вести и дезинформации одново ќе бидат поразени.