Соопштение за јавност
Државната изборна комисија е извршно, а не надлежно одлучувачко тело. Тие добиваат пропишани рокови со распишувањето на изборите од страна на претседателот на Собранието и тие постапуваат по тие рокови, ние имавме случај кога целиот изборен процес се одржа и за 40 дена, како што беа претседателските избори во 2004 година, истакна претседателот Зоран Заев во интервју за Канал 5 Телевизија на прашање кое се однесуваше на потребните рокови за проверка на избирачкиот список и улогата на ДИК.
Тој додаде дека претседателот на Собранието не може повторно да распише избори затоа што така ќе го прекрши Уставот.
„Ако повторно претседателот Џафери распише избори, тој мора да се повика на 60 дена од распуштање на Собранието. Повеќе таа уставна можност тој ја има изгубени, тој не може да распише нов рок. Останува единствено валидниот рок кој е замрзнат заради вонредната состојба, посочи претседателот Заев, додавајќи дека ДИК мора да постапува и да ги спроведува законите и Уредбите со законска сила и да се води според законските рокови.