fbpx

Шахпаска: Мицкоски бега од избори, експертите оценуваат дека ризикот за избори во јуни е најмал

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Во медицината два плус два не е секогаш четири и никој не може да се предвиди што ќе се случува на есен, затоа не е јасно врз основа на која проценка Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ предлагаат избори на крајот на август или почетокот на септември. Нашиот став за избори во првиот можен момент го темелиме на светските искуства, на препораките на Светската здравствена организација како и на нашата Комисија за заразни болести, која оцени дека во периодот после рестриктивните мерки и кога има намалување на интензитетот на коронавирусот најдобро и најбезбедно е да има избори, порача пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска во емисија на ТВ 24.

„Во перодот после крајот на јуни многу граѓани ќе заминат во странство, многу луѓе ќе ја посетат земјава, ќе се отворат училиштата, оттука навистина не можеме да знаеме каква ќе биде состојбата на есен. Врз основа на која проценка Мицкоски предлага крајот на август или почетокот на септември, кога не можеме да знаеме што ќе се случува тогаш. Јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од избори и се плашат од сопствениот народ“, изјави Шахпаска.

Таа нагласи дека ставот на СДСМ е јасен избори да има во првиот момент кога тоа ќе го дозволи здравствената состојба, доколку заврши вонредната состојба на 30 мај, првиот рок за избори е 21 јуни.

„Ние како држава одлично се справивме со здравствената криза, ги заштитивме возрасните лица, и тоа е јасен показател дека државата одлично се справи со кризата и ги заштити граѓаните“, рече Шахпаска.

Последни вести