fbpx

Мицкоски се плаши од избори, знае дека го чека пораз, нема да успеат неговите обиди за создавање криза

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

СДСМ како одговорна партија во ова време на пандемија има три приоритети -заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и функционални институции, како гарант на демократијата.

Токму затоа изборите треба да се одржат во првиот можен термин, согласно протоколите за заштита, бидејќи официјалните податоци на здравствените институции покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола и дека постојат услови за одржување на одложените  парламентарни избори.

Токму затоа Христијан Мицкоски е во паника, бидејќи знае дека е соочен со пораз на изборите поради своето неодговорно и деструктивно однесување во време на пандемијата.

Мицкоски сака криза, сака незивесност, нефункционални институции, криза и закани по граѓаните.

Тоа СДСМ нема да го дозволи. Нема да дозволиме пропаднатиот спортист и политичар Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ги попречат демократските процеси и вештачки да создадат криза.

Ништо нема да го спаси Мицкоски од пораз за неговите пропаднати политики

Последни вести