fbpx

Носителките на листи Пејкова и Трајковска од Кисела Вода: На местата на некогашни депонии се подигнати 22 илјади метри квадратни нови паркови површини, за Најдоброто зборуваме со проекти на дело

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Во Кисела Вода, на местата на некогашните диви депонии, подигнати се над 22.000 метри квадратни нови паркови површини. Посветено ќе продолжиме да работиме на поголема еколошка, здравствена и социјална заштита, а со тоа и  за подобро здравје и поквалитетен живот за сите“, порача вечерва  во Кисела Вода, носителката на листата со кандидати за советници во Град Скопје, Софија Пејкова.

Како жителка на општината Кисела Вода, Пејкова констатираше дека „во Кисела Вода се инвестира во важни капитални проекти, коишто денес им служат на граѓаните“.

„Средните училишта Браќа Миладиновци и Васил Антевски Дрен беа реконструирани, со обезбедени прочистувачи за воздух во секоја училница“, посочи Пејкова, која потсети и на реконструкциите на повеќе улици во општината.

„Со мојата работа како лекар и секојдневните контакти со вас, можам да помогнам Скопје да стане уште подобар град. Заедно со Петре Шилегов и моите колеги советници, посветено ќе работиме на поголема еколошка, здравствена и социјална заштита, а со тоа и за подобро здравје и поквалитетен живот за сите“, рече Пејкова.

Таа се обрати на трибината што ја има коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, вечерва, во скопската општина Кисела Вода, заедно со носителката на листата со кандидати за советници во оваа општина, Емилија Трајковска.

„Изминатите 4 години, Советот на општина Кисела Вода функционираше како вистински сервис за граѓаните. Преку програмите коишто ги усвоивме успеавме да одговориме на голем дел од потребите на граѓаните, да реализираме голем број проекти, да решиме голем број проблеми на граѓаните“, рече Трајковвска.

Таа, како здравствен работник, констатира дека пандемијата има одраз врз сите сегменти на општественото живеење, но констатираше дека општината Кисела Вода, со заложбите и на Министерството за здравство и на Владата, успеала да излезе во пресрет на потребите на граѓаните.

„Општината одвои средства за борба со короната: дезинфекција на училиштата, градинките и јавните површини, но, исто така реализира и финансиска помош на погодени граѓани“, додаде Трајковска, која посочи дека од големо значење е и поддршката на централно ниво за граѓаните, преку економските пакети, со што се обезбедни плати, поддршка за бизнисите, безкаматни кредити.

И Трајковска и Пејкова порачаа дека граѓаните на Кисела Вода го заслужуваат Најдоброто и ги повикаа да го заокружат бројот 12 на изборите на 17 октомври, со што ќе дадат шанса тоа и да се реализира.

Последни вести