fbpx

Пејкова: Совесно чесно и посветено ќе се грижам Скопјани да го добијат најдоброто

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Носителката на кандидатската листа на советници за Град Скопје Софија Пејкова на вечерашната промоција во Скопје најави дека чесно и несебично ќе се залага Скопје да стане поубаво и поздраво место за живеење за сите нас.

Како лекари положуваме Хипократова заклетва, а јас овде пред сите вас положувам заклетва дека како дел од советот на Град Скопје совесно чесно и посветено ќе се грижам да го добиете најдоброто, градските политики да го заштитуваат и унапредуваат здравјето на сите скопјани, ви ветувам дека со чесна и тимска работа заедно со Петре Шилегов и со моите колеги советници, посветено ќе работиме на поголема еколошка здравствена и социјална политика и поквалитетен живот за сите нас, истакна Пејкова.

Таа истакна дека и претставува голема чест, да ја прифати одговорноста да му се придружи на победничкиот тим на Шилегов, кој успешно се справува со сите проблеми на нашите сограѓани цел мандат.

За да продолжиме потребна ни е вашата поддршка, која не престанавте да ја давате, затоа на 17 октомври заокружете 12 зашто Скопје го заслужува најдоброто, повика носителката на советничката листа за советот на Град Скопје Софија Пејкова.

Последни вести