Соопштение за јавност
Скопје, како главен град на 30тата земја членка на НАТО, главен град на државата чија Влада е најтранспарентна во регионот, главен град на најбезбедната земја на Западен Балкан, не заслужува ништо помалку од Најдоброто и убеден сум дека на 17 октомври Скопје ќе го избере Најдоброто, за да продолжи развојот на цело Скопје подеднакво, истакна на конвенцијата на кандидатот за градоначалник и советници за Град Скопје, претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Тој нагласи дека во овие четири години со посветена и напорна работа државата се развиваше на меѓународен, а општините на домашен план.
А постигнавме многу! И на централно и на локално ниво! Државата ја вративме на исправниот пат, ставивме крај на режимот, направивме позитивна трансформација на институциите кои денес работат во служба на граѓаните. На локално ниво ставивме крај на локалните шерифи, општините ги отворивме и им ги вративме на граѓаните и силно инвестиравме во нивниот развој, нагласи Заев.
Тој потенцираше дека како никогаш досега претходно не се инвестирало толку многу во проекти важни за локалниот развој важни за граѓаните, како што тоа го прават централната и локална власт во овие изминати четири години.
Реализиравме над 7 илјади проекти во сите општини, проекти коишто секојдневно го менуваат животот на граѓаните на подобро, над 2.000 од нив се тука во Градот Скопје и скопските општини и затоа ќе победиме на овие избори, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, истакна на конвенцијата на кандидатот за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов и кандидатите за советници за Град Скопје.