Соопштение за јавност
Со делата зад себе, со новите проекти, со најдобрата кадровска и програмска понуда Петре, СДСМ и коалицијата се сигурни победници во Скопје, но тоа треба да масовно да го потврдиме на денот на изборите, порача вечерва претседателот на Зоран Заев на вечерашната предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и советници за Град Скопје.
„На 17 октомври да го потврдиме вистинскиот правец, да ја потврдиме стабилноста на државата и општините. Со СДСМ сите се на сигурно – и граѓаните и општините и државата! Затоа СДСМ е Најдоброто за Скопје, Најдоброто и за Аеродром и за Бутел и за Гази Баба и за Ѓорче Петров и за Карпош и за Кисела Вода и за Сарај и за Центар и за Чаир и за Шуто Оризари!СДСМ е најдоброто за секоја населба за секое населено место!“ истакна Заев.
Претседателот Заев ги повика граѓаните на 17ти да излезат и да дадат силна поддршка на кандидатите на СДСМ и Коалицијата Најдоброто за мојата општина.
„На овие локални избори победуваме во Скопје и сите негови општини, на овие локални избори победуваме во најголем дел од општините низ државата“ посочи Заев.