fbpx

Костадинов: Се обврзувам, верно да и служам на Струмица, заедно со вас да донесеме уште поголем напредок на нашиот град

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Струмица Коста Костадинов, на промоцијата во Струмица ја претстави својата визија за Струмица, која се состои од општина препознатлива по силни економски параметри, пример за планирање и реализација на европски проекти, општина во која социјалната инклузија е нормално секојдневие, општина во која младите ќе гледаат потенцијал и светла иднина, град кој ќе биде препознатлив по спортски и културни случувања, град на Балканот иницијатор на Регионални иницијативи за зближување и заеднички живот, во сите сфери.

Тој истакна дека крупните проблеми во општината, локални улици и патишта, фекални и атмосферски канализации, водоводи, се практично решени, благодарение на силните заложби на досегашните градоначалници на Струмица и огромната поддршка што ја добива општината од страна на Владата.

„Но, сето ова е голема обврска и одговорност за секој човек кој се нафаќа да менаџира со луѓето и ресурсите. Свесен сум дека од мене, како иден градоначалник се очекува градот и општината да одат напред“, нагласи Костадинов.

Тој, како клучни проекти од неговата програма ги издвои Чешел пазар, нова противпожарна станица, булевар по „Св. Илија“ низ касарната, булевар „Братство и Единство“ кон Агроберзата, булеварска делница, во правец на булеварот „Климент Охридски“ кон Жито Струмица, кон бензинската пумпа на „Макпетрол“ и кон Куклиш, Дом во Банско и во Куклиш, нов градски пазар, реконструкција на градски плоштад „Гоце Делчев“, а за младите, современ адреналински парк на ридот над Струмица.

„За постигнување на големи работи треба чиста мисла и несебично дејствување, дванаесет месеци во календарската година ќе работам со сто процентен фокус на Вас, на Вашето секојдневие, на проблемите и на успесите, дванаесет е бројот кој стои до моето име на овие Локални Избори и е гарантот за унапредување и развој на нашата Струмица“, нагласи Костадинов.

Верно ќе ви служам вам и на нашата општина кон патот на уште поголем прогрес. Ќе го дадам најдоброто за сите вас, затоа со чист образ од вас барам поддршка за да ви служам заедно со мојот тим во претстојните 4 години, ги повика граѓаните Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Струмица Коста Костадинов.

Последни вести