Соопштение за јавност
„Заедно со мојот тим ја подготвивме најдобрата програма за нашиот град, програма која гарантира развој, нови инвестиции, нови работни места како за младите, така и за невработените. Програма која гарантира нов импулс за силен развој на Велес“, истакна кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Велес Ненад Коциќ.
Тој наведе дека има подготвени проекти од областа на комуналната сфера, инфраструктурата, патната мрежа, заштитата на животната средина, младите, спортот, културата, забавата, развој на туризмот, странски инвестиции.
„Во наредниот период ќе извршиме реконструкција на спортската сала „Гемиџии“, реконструкција на стадионот „Зоран Паунов“, изградба на затворен училишен базен, реконструкција на сите спортски игралишта, адреналински парк, лизгалиште“, најави Коциќ.
Тој го претстави и проектот Велес-град без отпад, кој предвидува комунална служба во сите делови на градот, поставување на нови подземни контејнери, обновување на веќе постоечките корпи за отпад низ градот и поставување нови, како реорганизација на ЈКП „Дервен”.
„Нема да ги запоставиме руралните средини, со програмата „Развој на велешкото село“, предвидуваме подобрување на патната инфраструктура и осветлувањето, детски градинки во поголемите села, подобрување на пристапот до образование на децата од руралните средини, одржување на локални традиционални, културни манифестации“, најави Коциќ.
Тој наведе нови сообраќајни решенија и повеќе паркинг места во градот, како изготвување транспортен модел, и модерен, брз и безбеден јавен градски превоз на еколошки прифатливи горива.
„За Развој на туризмот ќе организираме Фестивал на велешка пита и презентација на најубавата и највкусната велешка храна – Фестивал на велешката скара, а ќе формираме туристички комплекс Езеро Младост“, истакна Коциќ, најавувајќи низа проекти во патната инфраструктура и уредување на кејот на реката Вардар.
Тој најави инвестиции и во извори на зелена енергија и енергетски ефикасни решенија, привлекување на странски и домашни инвеститори за намалување на невработеноста на младите до 0% и вкупната невработеност под 10%.
Идеите се многу, желбите се неограничени, енергијата е на точка на вриење. Можам да набројам уште десетици планирани проекти, затоа ве повикувам на 17 октомври да излезете на гласачките места и да го заокружите бројот 12, да дадете поддршка на Ненад Коциќ за Градоначалник на општината Велес и советничката група на СДСМ предводена од Марјанчо Николов.
„Заедно да изградиме посветла, подобра, попросперитетна иднина за Велес“, порача кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Велес Ненад Коциќ.