Соопштение за јавност
За четири години во Гази Баба вложивме колку што не беше вложено за 12 години инвестиравме во важни капитални проекти и затоа денес Гази Баба се развива со забрзано темпо порача кандидатот за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов.
„Градиме нов булевар АСНОМ во Керамидница и нов мост на Вардар кој ќе ги поврзува Гази Баба и Аеродром, а тоа е важен капитален проект не само за овие две општини туку и за цело Скопје.
Ги реконструиравме булеварот Александар Македонски и улицата Благоја Стефковски,а во новиот мандат започнуваме и со реконструкција на ул. Перо Наков.
Поставуваме нова фекална и атмосферска канализација заедно со реконструкцијата на бул. Киро Глигоров. Инвестиравме над 37 милиони денари во реконструкција на средните училишта АСУЦ Боро Петрушевски, Михајло Пупин и Панче Арсовски.“ рече Шилегов пред присутните.
Осврнувајќи се на новата програма, Шилегов го најави проектот Скопје смарт сити, со кого Скопје ќе стане град без шалтери и прв целосно дигитализиран град.
„Со Скопје Смарт сити, Скопје станува град без шалтери! Сите плаќања и сите документи ќе бидат достапни на интернет и на телефон. Преку истиот проект се поставуваат 10.000 нови лед светилки со што Скопје добива совршено осветлени и безбедни улици, вело патеки и тротоари.
Со паметното осветлување, Град Скопје заштедува 1,3 милиони евра годишно на електрична енергија. Овие пари кои ќе се пренаменат за директна финансиска поддршка на граѓаните од различни групи.
Денес презентиравме план за финансиска поддршка за младите со кој ги мотивираме да не се селат во странство и да останат да живеат во нашето сакано Скопје.
Со овој план го субвенционираме згрижувањето на децата во државните градинки преку покривање на максимум 50% од месечниот трошок.
Понатаму, сите ученици од основните училишта во градот ќе добиваат до 50% поевтин оброк за време на престојот во училиште. Родителите ќе можат да задржат до 200 евра годишно во семејниот буџет.
За остварување на желбата за потомство, го помагаме процесот на Биомедицинско потпомогнато оплодување преку финансиска поддршка на паровите.
На сите постдипломци и докторанди кои студираат на државните универзитети во Скопје им овозможуваме бесплатен превоз во градските автобуси. До сега беше бесплатен за средношколците и студентите.
Обезбедуваме 100 стипендии во висина од 12.000 денари месечно за најдобрите средношколци од средните училишта на Град Скопје кои ќе се запишат на некој од државните универзитети. За секој средношколец од јавните училишта, обезбедуваме бесплатно овошје за време на училишниот престој. Имаме визија имаме план за Скопје и за Гази Баба, затоа на 17 октормври да гласаме за број 12 за кандидатите за градоначалници и за советничките листи, да го избереме Најдоброто“ порача Шилегов.