Соопштение за јавност
„Општина Зрновци има потенцијал да прерасне во модерна, современа и функционална општина со задоволни граѓани – и ќе се вложиме сите и Виктор Анѓелов и ние како централна власт – ова да стане реалност. Ние покажавме и докажавме дека за нас нема големи и мали општини, важни и неважни. Како што државата застанува зад секој граѓанин, така застанува и зад секоја општина. И Општина Зрновци како и другите општини беше помогната од државата и тоа ќе продолжи.
Со децентрализацијата од идната година обезбедуваме повеќе приходи за општините, тоа се повеќе пари во општинските каси за да се инвестираат во улици и патишта, во канализациски и водоводни мрежи, за изградба на училишта, градинки и спортски сали, за проекти кои реално го унапредуваат животот на граѓаните во секоја општина.
Заедно со Виктор Анѓелов овде во Зрновци ќе реализираме: Приклучок на канализациската мрежа на пречистителната станица со спојување на регионалниот колекторски систем, решавање на проблемот со локалната депонија, обезбедување квалитетна вода за пиење на неколку населени места. Тоа се приоритетите за следните четири години кои ќе ги реализираме за да го подигнеме квалитетот на живот овде во Зрновци. Затоа на 17 октомври очекувам масовна поддршка за број 12, за Виктор Анѓелов и советничката листа, затоа што тие го носат најдоброто за Зрновци”.