Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ
Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ и Игор Јанушев. Продолжува нивното бесрамно,безобразно и неодговорно однесување кон граѓаните.
Партијата симбол на расипништво не може да и замачка очи на јавноста со лажни вести и извртување на вистината. Очајни се нивните обиди за манипулација на граѓаните во време на криза.
Колку ВМРО-ДПМНЕ се загрижени за граѓаните покажаа со тоа што ниту денар не донираа и упорно не се откажуваат од државните пари како гест на солидарност во време на корона кризата.
Јавноста многу добро памети како министри, функционери и други службени лица во државните институции на тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, трошеле илјадници евра на ручеци и вечери по ресторани во и надвор од државата, а од службени картички пазарувале гардероба, храна и пијалоци за лични потреби.
Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се со краток рок. Набавките на основни и специфични прехранбени услуги за Владата, Собранието, Претседателот на државата, Клубот на пратеници или странски претставништва во државава се дел од редовна набавка, а количините се определуваат во согласност искуствата од претходните години.
Но, ВМРО-ДПМЕ намерно заборава да каже е дека плаќањето е сукцесивно и дека она што нема да се потроши, нема да се плати.
Неспоредливо и немерливо е расипничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ во однос на користењето односно злоупотребувањето на државните ресурси и одговорното, транспарентно и отчетно однесување на СДСМ кон народните пари.
Потврда за тоа се и кратењето на непродуктивните трошоци и трошењата од службените картички на функционерите на СДСМ кои се сведени на минимум.