Соопштение за јавност
Изминатитие четири години се остварени големи резултати и успеси, а доказ за тоа е Крушево, знаете како беше во четирите години под ВМРО-ДПМНЕ, а како е во претходните четири години под раководство на СДСМ, разликате е како небо и земја, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва во Крушево на изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“.
Овде во Крушево се рехабилитираше регионалниот пат Крушево – Пуста Река во должина од 15 километри, за првпат откако е изграден, после 40 години, преку меѓуопштинска соработка се реконструираа патишта кои водат кон соседните општини Долнени и Кривогаштани, во многу населени места се поставија канализациски и водоводни системи, а Крушево доби мултифункционална спортска сала, истакна Заев.
Тој нагласи дека денеска во Крушево се унапредени условите за живот, затоа се отвораат нови можности за локален еконмски раст и развој.
Ете на тоа мислиме кога велиме Најдоброто за Крушево, на тоа мислиме кога зборуваме на инвестиции во инфраструкрата, и нема да застанеме тука. Крушево е македонската гордост, со својата разноликост на култури и традиции, Крушево е Македонија во мало, град кој ја задолжил македонската историја и затоа мораме да инвестираме во неговата иднина, нагласи Заев.
Токму тоа ќе го правиме во следните четири години преку проектите во Програмата на Томе Христовски, зад кој застануваме и ние како СДСМ, како Коалиција Најдоброто за мојата општина, порача Заев.
Тој најави дека во следните четири години предвидено е Крушево целосно да се гасифицира, за да се заштитиме оваа прекрасна природа но и да се намалат трошоците за загревање на домаќинствата.
Крушево ќе добие и нов водоснабдителен систем со што ќе се надминат проблемите со слабиот притисок во летните месеци, веќе работиме на тоа, добиени се еколошките согласности, нагласи Заев, додавајќи дека ќе се продолжи со рехабилитација на патиштата за Крушево да биде уште подобро поврзано со другите градови и населени места.
Ќе инвестираме во секој проект што значи унапредување на инфраструктурата, што значи привлекување на туристи во секој дел од годината, истакна Заев, нагласувајќи дека Томе Христоски и општина Крушево ќе ја имаат сета поддршка од Владата и инситуциите под централната власт.
Затоа што тоа го заслужувате, вие од Крушево, затоа што имате еден од најдобрите градоначалници во Македонија, од него можат да учат другите како се работи државнички, одговорно во интерес на граѓаните, така се работи за наше Крушево. Така се сака Крушево и сите негови граѓани, затоа СДСМ во Крушево на 17-ти октомври ќе победи со 12-ката уште во 12 часот, порача престедателот на СДСМ Зоран Заев од Крушево.