Соопштение за јавност
Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров и актуелен градоначалник, Александар Наумоски, на денешната граѓанска трибина ‘‘Најдоброто за мојата општина‘‘ истакна дека во изминатите 4 години реализирани се над 200 проекти, со кои општина Ѓорче Петров се препороди, а следуваат нови 200 во следните 4 години.
‘‘Потврда за тоа е ова наше Корзо, нов, модерен јавен простор наменет за сите генерации. Потврда за тоа е најмодерната градинка во Волково, доказ е ова модерно, смарт лед осветлување, доказ за тоа е спортската сала и новиот кружен тек во Волково и првиот затворен базен кој се гради во Ѓорче Петров. Тоа е потврдено и со поставени над 40 километри фекална канализација, со 40 километри асфалитарни и пет километри поплочени улици, над пет километри водоводи и над 7.700 квадратни метри нови паркинзи‘‘- рече Наумоски.
Тој напомена дека реализираните проекти се благодарение и на поддршката од централната власт и се заблагодари во свое име и во име на сите жители на Ѓорче Петров , затоа што се она што е направено е останува да им служи на нашите граѓани и идните поколенија, и повика да продолжат граѓаните да гледаат напред, затоа што напред е правецот кој го покажува Најдоброто.
Најбитен иден проект Наумоски го посочи Клиничкиот центар во Ѓорче Петров, инвестиција вредна 500 милиони евра, најголема гринфилд инвестиција во државата и најголема инвестиција во македонското здравство, а ги промовираше и останатите проекти кои се во тек и оние кои се дел од неговата програма за идниот четиригодишен мандат.
’’Го решаваме слабиот доток на вода во ниските зони во општината од Јурија до Хром со изградба на резеорвар во месноста Оризарски рид. Проектот веќе е изготвен од ЈП Водовод и Канализација во вредност од три милиони евра. За првпат по 40 години во Ѓорче Петров градиме ново основно училиште во населбата Александрија, модрено со современа спортска сала. Проценетата вредност на инвестицијата изнесува 4 милиони евра, средства обезбедени од програми на Владата и од буџетот на Општината, со капацитет за 500 деца. Деценискиот проблем со недостиг на капацитет за згрижување деца во грединките, го решаваме со изградба на две нови детски градинки во Ново Село и во Дексион. Ново Село добива нова детска градинка, инвестиција вредна 800.000 евра, со капацитет за 150 деца. На местото на урнатата градинка во Дексион да се изгради нова детска градинка со капацитет за 150 деца, по највисоки стандарди, енергетски ефикасна, со еколошки систем на загревање’’- додаде Наумовски и повика сите сплотени да го заокружат бројот 12, за да продолжиме онаму каде што застанавме, бидејќи само со понудата на СДСМ и Најдоброто, Ѓорче Петров може да биде модерна, развојна и урбана општина.
Линк до видео:
https://fb.watch/8A9Fl50gi9/