Соопштение за јавност
„На 17-ти октомври победуваме, победува Гази Баба, победува Скопје, победува најдоброто во целата држава, наша татковина“, порача вечерва од Гази Баба претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Пред граѓаните, претседателот Заев најави убедлива победа уште во првиот круг на локалните изборите.
„Гази Баба гази цврсто, кон уште една чиста, праведна, заслужена и голема победа!
И еве вечерва од Гази Баба да ја испратиме и првата проценка за 17-ти октомври на изборите, нашиот политички противник ќе победи во првиот круг во 6 општини, ќе добијат 6 градоначалници, а коалицијата на чело со СДСМ ќе победи во првиот круг со најмалку 22 градоначалници, тоа е 3 ипол пати повеќе. Слушајте ми го зборот, добро сум упатен, добро информиран, 22 на 6 во првиот изборен круг“, истакна Заев.
Тој додаде дека граѓаните на Гази Баба најмногу ја заслужуваат победата и повика покрај за кандидатите за градоначалници на Гази Баба и Град Скопје, Борис Георгиевски и Петре Шилегов, да го дадат својот глас и за советничките листи предводени од Александар Димитријевиќ во Гази Баба и Софија Пејкова во Град Скопје.
„Драги мои сограѓани од Гази Баба победата вие во Гази Баба ја заслужувате најмногу од било кој граѓанин на било која општина на Македонија затоа што овде за овие 4 години се сработи 3 пати повеќе отколку последните 4 години на ВМРО-ДПМНЕ, затоа продолжете напред, продолжете со најдоброто, продолжете да победувате. Затоа на 17-ти дадете ја поддршката за Борис Георгиевски и Петре Шилегов, за советничките листи предводени од Александар Димитријевиќ и Софија Пејкова“, порача Заев пред граѓаните на Гази Баба.