fbpx

Николовски: Мицкоски призна дека оставката на Ѓорѓиев е политички потег инициран од ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На денешното новинарско прашање упатено кон Николовски, за коментар на оставката на членот на мешовитата комисија со Бугарија Ванчо Ѓоргиев и повикот на Мицковски и останатите членови да го следат примерот на Ѓорѓиев, истакна:

„Значи Мицковски признал дека е тесно политички потег инициран токму од ВМРО-ДПМНЕ на една недела пред изборите и мешање во работата на Комисија којашто е стручна. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да ја има можноста да дојде до шанса да ја води државата со истите методи и со истите принципи на владеењето од Никола Груевски, заради тоа што е истото, нереформирано, неорганизирано, со иста понуда на кадри на политики коишто водат назад. Оваа генерација на политичари треба да носи храбри одлуки , треба да чекори напред и треба да ги решава проблемите на граѓаните а не недела дена пред изборите да иницираат и да предизвикуваат било какви оставки од комисија и членови коишто се стручни и кои пред недела потпишале договор за продолжување на нивниот мандат и тоа е прашање за самиот професор, меѓутоа целокупната комисија го демантираше , го демантираше и членот на комисијата којшто дал оставка , демант стигна и од Владата и од Министерството за надворешни работи, но клучно е што демант стигна од комисијата и од сите членови коишто велат дека никој не се мешал во нивната работа. На памет не и паѓа на Владата да се меша во работи коишто се стручни и сме ги оставиле комисијата да работи да ги утврдува и да се наоѓаат решенија. Така што немам што друго да додадам освен признанието констатација на признание од страна лидерот на опозицијата дека се замешале заради дневнополитички партиски изборни цели во работата на стручните комисии. Па замислете да имаат шанса да ја водат повторно државата во што се ќе се мешаат, во нашите домови во нашите семејства , во нашиот живот, во вредностите за коишто сме се избориле , и слобода и демократија и одење напред, прогрес, тоа се знае дека се вредности за коишто граѓаните се изборија, се изборија со пенкало и глас против режимот и на памет нема да ни падне да одиме назад повторно во изолација на државата во поделби во кавги и во вакви работи коишто се иницирани токму од ВМРО-ДПМНЕ”.

Последни вести