fbpx

ВМРО-ДПМНЕ лаже дека 140.000 граѓани останале без работа, како што Мицкоски лажеше дека има само уште 100 теста за коронавирус

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат со неодговорното, несериозно однесување во време на сериозна здравствена криза.
 
Додека во ова тешко време целата држава, сите граѓани се соочуваат со најголемата здравствена и економска криза во поновата историја, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бесрамно шират лажни вести и невистини во очајни обиди за дневнополитичко профитирање.
 
Со денови ВМРО-ДПМНЕ од белиот дворец лаже дека заради кризата поради коронвирусот дури 140.000  луѓе останале без работа.
 
Вистината е многу поинаква, бројот на одјавени работници во Агенцијата за вработување не е драстично различна од просечниот број на одјави во претходните месеци.,
 
Во време кога сиот здравствен капацитет на државата е ангажиран во борбата против коронвирусот, Мицкоски се дрзна јавно да излаже дека во здравствените установи имало само 100 теста за коронавирусот и дека многу граѓани биле нетестирани. 
 
Вистината е дека откако Мицкоски излажа дека има само 100 теста, направени се повеќе од 4.000 тестирања на присуство на коронавирусот.
 
Дури и оваа сериозна закана покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски освен за лаги и деструкција за ништо друго и не знаат.


 

Последни вести