Соопштение за јавност
Јавноста вчера сведочеше на откривање на уште една чувана и криена тајна на кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.
Јавно објавен документ, односно „Удостоверение“ од бугарско министерство за правда, потврдува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 на Арсовска и дал бугарско државјанство.
Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина.
Наместо да излезе пред граѓаните и да објасни, Арсовска одлучи да се крие зад празните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е класично потценување и навреда на скопјани од страна на Арсовска кадарот на Груевски и конзул на Унгарија.
Во Скопје не минуваат странски инсталации кои работат на штета на државните интереси и интересите на граѓаните.
Во недела граѓаните силно ќе го поразат овој обид за нивно потценување, ќе ги поразат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ и ќе се обединат за да продолжи развојот на Скопје со Петре Шилегов.