Соопштение за јавност
СДСМ и парламентарното мнозинство ќе обезбедат недела неработен ден, повисоки плати за работниците, и како и досега ќе продолжат да работат во интерес на сите граѓани.
Измените во Законот за работни односи, со кои се предвидува 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а 8 проценти од работниците за работа во недела да добиваат додаток до 100 отсто, ќе бидат донесени.
Работниците и синдикатите се во право кога бараат донесување овие закони, кои опозицијата во парламентот упорно ги блокира.
Повеќе од јасно е дека опозицијата не се грижи за работниците и нивните права, туку за власт и само за власт, што и го покажаа, пред целата јавност, со своето однесување изминатите денови.
Блокадите и опструкциите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат поразени.
Недела неработен ден, повисока минимална плата, се реализираат со парламентарно демократско мнозинство и стабилна Влада предводени од СДСМ и тоа ќе се случи во следниот период.
СДСМ продолжува посветено да работи за зголемување на стандардот и унапредување на правата на работниците.