fbpx

Договор вреден 500.000 евра го поврзува телохранителот на Мицкоски со скандалот со криминалните парцели

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонската јавност деновиве е сведок на голем скандал кој директно води до Белиот дворец и луѓе блиски на Христијан Мицкоски.

Неколку луѓе кои се поврзуваат со ВМРО-ДПМНЕ купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево, сите вредни околу 40.000 евра.

Истите парцели две-три недели подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност или за вкупно 1,6 милиони евра.

Истрагата треба да даде одговор на прашањето дали разликата од над 1,5 милиони евра завршила во нечии џебови или директно во Белиот дворец?

Во медиумите се споменуваат повеќе имиња, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Игор Г, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Т, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ, но и други лица.

Но, овој скандал добива драстично поголема димензија бидејќи едно од вмешаните лица е и Влатко Илиевски, дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски.

Договорот за купопродажба на Илиевски, телохранителот на Мицкоски е вреден 500.000 евра.

Јавноста заслужува и мора да знае каква е поврзаноста на Христијан Мицкоски со овој скандал.

Дали со негово одобрување и знаење е склучен овој договор?

Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања?

Истрагата на надлежните институции треба да ги даде сите детали за овој случај и да лоцира одговорност.

Последни вести