fbpx

Нови докази за аферата “криминални парцели“ телохранителот на Мицкоски на дар добил 40.000 метри квадратни земјиште

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да даде јасен и точен одговор на прашањето: каква е неговата поврзаност со скандалот „криминални парцели“?

Јавноста деновиве сведочи на нови докази околу овој скандал и сите водат до Белиот дворец, до поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и луѓе околу Мицкоски.

Имено, телохранителот на Христијан Мицкоски, извесен Влатко Илиевски, со еден купопродажен договор продал земјиште од речиси 40.000 метри квадратни во регионот на Делчево во вкупна вредност од 500.000 евра.

Парцелите кои Илиевски ги продал не ги купил, туку истите како дар ги добил само неколку недели пред да ги продаде.

За оваа шема која се случила пред стартот на изборната кампања, предистрага има отворено и надлежна институција.

Сите јавно објавени документи покажуваат вмешаност на лица кои се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Телохранител на Мицкоски, поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево, татко на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во приватни џебови или во Белиот сдворец за што постојат оправдани сомневања?

Потребна е брза, ефикасна истрага од надлежните институции која ќе ги даде сите одговори и ќе лоцира одговорност во оваа афера „криминални парцели“.

Последни вести