fbpx

Трајко Славески не закажува вонредна седница на Советот на Град Скопје за помош на семејствата на настраданите во несреќата во Бугарија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Советничката група на СДСМ на коалицијата и ДУИ во Град Скопје вчера поднесе иницијатива за свикување на вонредна седница на Советот на која треба да се усвои предлогот за финансиска помош за семејствата на настраданите во несреќата што се случи во Бугарија.

До овој момент, претседателот на Советот, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјаснил по однос на иницијативата и не закажал седница што е незабалежано во праксата.

Претседателот на Советот мора да закаже вонредна седница на која прво ќе се гласа за оправданоста на итноста, а откако ќе се утврди оправданоста Советот ќе гласа по однос на точките од днневниот ред.

Барањето за вонредна седница на Советот е од единствена причина, што побрзо да им се помогне на семејствата на жртвите и да не се чека редовната седница на Советот, затоа што нема потреба за такво нешто.

Но очигледно дека Славески не наоѓа разбирање за ситуацијата или пак свесно калкулира, па денеска цел ден молчи и не закажува вонредна Седница на Советот на Град Скопје.

Последни вести