fbpx

Милошоски лобира против почеток на преговори со ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ е докажан противник на евроинтеграциите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Срамно, десната рака на Христијан Мицкоски и докажан извор на лажни вести, Антонио Милошоски отишол во Вашингтон да лобира Северна Македонија да не започне преговори за членство во ЕУ.

Наместо да бара ЕУ да донесе одлука што поскоро нашата држава да започне процес за преговори со Унијата, заслужени, за кои ги имаме исполнето сите услови, Милошоски го прави сосем спротивното, работи за блокада на евроинтеграциите.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е докажан противник на евроинтеграциите, партија која сака државата да ја врати назад во изолација, раскарана со соседите и демократскиот свет.

Последни вести