Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски останува заглавен во режимската матрица која сака државата да ја врати во изолација, поделби и неизвесност, скарана со соседите и со демократскиот свет.
Никој од него не очекува ништо поинаку, тој не знае и не сака да работи за интересите на граѓаните.
Политичарот без став Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ насекаде лобираат да не започнеме проговори за членство во ЕУ и на секој начин ги поткопуваат државните интереси.
Мицкоски знае само да блокира, да кочи и останува против сите успеси на државата, против интересите на граѓаните.