Соопштение за јавност
Целосна невистина се алиби тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска дека проектот Бас рапид транзит ќе го загрозел водоснабдувањето во Град Скопје.
Станува збор за неспособност на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да реализираат проект кој ќе го унапреди јавниот превоз во Скопје и дополнително ќе ја заштити животната средина.
Најавата за 2 години од сега на Арсовска кажува дека ниту ќе го унапреди јавниот транспорт ниту ќе ја заштити животната средина, а ниту скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз.
Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за Јавното сообраќајно претпријатие говори и набавката на кинеските автобуси кои во огромен дел по само 10 години се нефункционални, а за чија набавка се води и судски предмет „Дизајн“ пред македонските судови.
ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска во тандем работат на штета на Град Скопје и неговите жители.