Соопштение за јавност
Александар Николоски е уште еден остаток од режимот на Никола Груевски кој беше аминуван како носител од Будимпешта. Верен поддржувач на Груевски, кој нема донесено ниту една единствена мерка која би го подобрила животот на граѓаните.
Не успевајќи на шверцерски начин да стане амбасадор во Брисел во последните денови од режимот, тој остана партиски војник на Груевски, докажано способен да ги продолжи неговите мрачни политики за изолација на државата.
А кои се неговите досегашни достигнувања?
Докажан хушкач на национализам и шовинизам. Лажно се прикажуваше како невладин активист на протестите против високо образование на албански јазик, за веднаш потоа да се најде на чело на УМС на ВМРО ДПМНЕ.
Човек кој се претставува себеси како чесен патриот, а кој ја користел позицијата на власт, за притисоци, закани и уцени, за да остварува профит за него и неговото семејство.
Николоски бил врската со американските ПР компании, кои со народни пари плаќаа реклами во медиуми и средби со влијателни американски политичари за да го фалат Груевски и неговите погубни политики за граѓаните.
Николовски е докажан креатор на лажни вести со судска пресуда.
Тоа се неговите досегашни достигнувања.
Оваа листа на достигнувања покажува какви критериуми треба да исполнуваат луѓето од доверба на Груевски и Мицковски за да се најдат на чело на избирачкиот лист. И дека единствената обнова што ги интересира е обнова на режимот и на праксата на злосторнички здружувања.
Николовски сака да ја врати државата во мрачното, изолирано минато и затоа неговиот концепт ќе биде поразен на изборите на 12-ти април.