fbpx

Силјановска е на иста линија со Мицкоски и Груевски, поддржувач на режимот, транзициски профитер, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

 

ВМРО –ДПМНЕ не се менува, таа е истата стара режимска партија која во своите редови има само лични профитери и докажани губитници.

Тоа се покажа уште еднаш со носителите на кандидатските листи за пратеници на престојните избори.

Имено, во изборната единица број 1, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја имаат Гордана Силјановска добро познатата транзициска политичарка и профитерка.

Па така, додека Силјановска министеруваше, нејзиниот сопруг се богатеше преку фри-шопот кој го добил во тоа време и успеал да купи дури 10 дуќани и куќа во Центарот на Скопје од државата.

Силјановска е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е во истата режимска матрица, токму таа е јавен поддржувач на режимот на Груевски и на неговите кадри.

Тоа го потврди и со тоа што јавно го бранеше упадот на специјалците во А1, ја убедуваше јавноста дека А1 не била нивна мета, ја бранеше диктатурата на Груевски кога ги ништеше медиумите и ја поддржа кандидатурата на Иванов.

Дека Мицкоски поддржува кандидати кои се на иста линија со него и Груевски, делат исти особини и исти тактики и иста реторика потврдуваат и други факти.

Како на пример, непотизмот кој е заеднички и за Сиљаноска и Мицкоски. Имено, синот на Силјановска, студирал кај неа, бил два пати именуван како член на УО на Злетовица, со потпис на Никола Груевски, а Мицкоски беше асистент кај татко му.

Силјановска е суши-лажи политичар, како и Груевски и Мицкоски. Таа со години ја лажеше јавноста дека „немала склоност кон функции“и не ја интересирала политиката, а се покажа токму спротивното.

Транзициска министерка, кандидат за претседател на претседателски избори и кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Силјановска продава лажен патриотизам исто како режимското ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Ги манипулира гласачите дека Договорот од Преспа може да се поништи.

ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо ново, само докажани губитници, истрошени политичари и поданици на режимот на Груевски.

Силјановска на Референдумот во 2004 и на Претседателските избори во 2019, Мицкоски на Локалните избори 2017 и на Претседателските во 2019. Тие остануваат губитници и во 2020 година.

Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ губитничка и профитерска, понуда која обезбедува сигурен пораз на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести