fbpx

Претседателот Ковачевски за МИА: Обезбедени се 130 милиони евра за финансиска поддршка за граѓаните и компаниите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во интревју за МИА, претседателот на СДСМ и мандатар, Димитар Ковачевски, вели дека примарен фокус во наредните три месеци на Владата ќе биде одговор на енергеткста криза, која е резултат на глобалните движења. Веќе се подготвуваат сет на антикризни мерки за помош на граѓаните и компаниите.

„Подготвуваме сетови на антикризни мерки кои ќе дадат силен стимул за компаниите и ќе бидат поткрепа за семејниот буџет на граѓаните. Свесен сум колку се сите економски исцрпени од кризата предизвикана од Ковид пандемијата која сега се надоградува и со енергетската криза. Но, за тоа како Влада имаме одговор. Јас бев дел од тимот кој ги креираше антикризните мерки во пандемијата кои според ММФ беа одлично димензионирани и со кои заштитивме повеќе од 60.000 работни места. Како тогаш така и сега, веќе работиме на тоа да дефинираме мерки преку кои најефикасно ќе се алоцираат средствата за санација и поддршка онаму каде е најпотребно. Во буџетот веќе има слободни 130 милиони евра и во наредниот период следуваат антикризни мерки за помош и на граѓаните и на стопанството.“ вели Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додава дека глобалната криза е шанса ние како држава да направиме енергетска транзиција за енергетска самостојност и само-одржливост.

„За тоа веќе имаме подготвен план. Јас во кризата гледам шанса, да конечно како држава направиме енергетска транзиција и да фатиме нов правец за енергетска самостојност и само-одржливост. Ваквата транзиција ќе биде базирана на обновливи извори на енергија и темелот на идниот развој. Ова ќе биде една од главните преокупации на Владата а првите одлуки ќе се донесат веднаш по нејзиниот избор“ вели претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

Последни вести