Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ Зоран Заев во придружба на градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов, и претседателката на комисијата за образование на СДСМ и заменик министерка за образование, Елизабета Наумовска и граѓаните од оваа општина, ја посетија новоотворената спортска сала во ОOУ “Кочо Рацин” во Нов Дојран.
Новата спортска сала покрај тоа што ќе овозможи услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование на учениците од ова училиште, ќе има и друга намена.
Имено, ќе биде достапна и за хотелиерите во насока на збогатување на своите туристички понуди, но и за сите граѓанио на општината кои ќе пројават интерес за спорт и рекреација.
За изградба на спортската сала со површина од 650 квадратни метри се потрошени 24 милиони денари што се обезбедени од Банката за развој при Советот на Европа и Буџетот на Република Северна Македонија, а целата постапка беше спроведена преку Министерство за образование.