fbpx

Коалицијата за обнова на режимот предводена од извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе добие нокаут од граѓаните на 12 април

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е коалиција со криминалот и коалиција за обнова на режимот, предводена од извршителот Христијан Мицкоски и неговиот диригент од Будумпешта, Никола Груевски.

На претстојните избори се создава најголемата коалиција. На 12 април, СДСМ, граѓаните и сите прогресивни сили, сите против криминалот и обновата на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

 Од една страна е СДСМ заедно со граѓаните кои чекорат напред кон интеграција во ЕУ и НАТОод друга страна извршителот Мицкоски и ВРОДПМНЕ кои сакаат да враќаат чекор назад, кон изолација и неизвесност.

Тие чекор назад, СДСМ со граѓаните три чекори напред. Затоа, на 12 април Мицкоски и Груевски ќе добијат нокаут од народот, тоа ќе биде нова можност ВМРО-ДПМНЕ да се реформира во модерна опозиција.

ВМРО-ДПМНЕ самите си потврдија дека кај нив ништо не се променило, тоа е истата партија која со години ја држеше земјата во изолација и заробена, а пред извесно време само докажа дека е кочничар и против се што е во интерес на државата и граѓаните, против напредокот и просперитетот на земјата, против членството во НАТО и ЕУ.

Се додека ВМРО-ДПМНЕ има таков забетониран став и деструктивни политики насочени кон државата и граѓаните ќе остане во длабока опозиција.

СДСМ покажа како вистински се сака државата и како се бранат државните и интересите на граѓаните. Најголема потврда за тоа се решавањето на клучните прашања кои ја држеа земјава во изолација, а со отворањето и ослободувањето на земјава пристигнаа и економските придобивки, еконосмски раст, историски најниска невработеност, бројни мерки и реформи во сите сегменти на општеството од кои директни придобивки имаат граѓаните.

Затоа, на 12 април граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат и ќе ги поддржат политиките на СДСМ што носат економски раст и развој и напредок во евроинтеграциите.

Последни вести