Одговор на новинарско прашање, Санела Шкријељ, пратеничка
Одговор: Ова се теми коишто прво се започнати и дијалог којшто е започнат од страна на Владата со сите партнери, ќе повторам, низ еден социјален дијалог. Го слушнав предлог амандманот на опозицијата кој што беше пред малку и би сакала да кажам дека повторно се работи за некој паушален предлог којшто мислам дека и самата опозиција е свесна дека правно не е издржан затоа што предлог и предмет на Законот за минимална плата е токму тоа, утврдување на висина на минимална плата.
Значи Законот за минимална плата не утврдува плати во други сектори, за тоа се колективните договори односно колективното преговарање и матичните закони како што е на пример Законот за наставниците и стручните соработници којшто 10 месеци е блокиран од истата таа опозиција во Комисија, а којшто го утврдува токму тоа. Повеќе пати беше спомнато и најавено од Владата дека тој дијалог продолжува. Она што исклучително е важно да тој дел продолжи со сите партнери, не можеме ние да предлагаме решенија без усогласување и компромис со социјалните партнери затоа што тоа е на некој начин и минирање на социјалниот дијалог. Во однос на пензиите сведоци сме дека се што ќе се најави како реализација на мерка од владината програма опозицијата излегува со некој свој предлог чисто колку да покаже загриженост.
Прво, нивното раководство беше како и секогаш претходно против зголемување на минималната плата па откако увидоа дека ќе се зголеми, дека ќе се постигни договор излегоа со идеја за предлог амандман на зголемување на платите на наставниците, па им укажавме дека истите тие блокираат таков Закон веќе 10 месеци во Собрание па после излегоа со идентичен свој Закон.
Во делот на пензиите веднаш што беше најавено дека веќе се работи на нова методологија за зголемување на пензиите излегоа со некаков предлог од зголемување за 20 отсто кој ниту е дискутиран ниту усогласен со него така да мислам дека е крајно несериозно и неодговорно да правиме нешто да ги одолговлекуваме усвојувањата на сите овие закони што се однесуваат на нашите граѓани, мислам, несериозно е од сите нас пратеници и пратенички тука затоа што земаме пари од граѓаните и треба да направиме се што е во наша моќ на побрзо бидат усвоени и донесени тие измени затоа што навистина сме свесни дека во вакви моменти им е потребна поддршка на граѓаните.