Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ повторно ја лаже јавноста, по случајот на птичји грип се постапува уште пред Трипуновски да излезе на прес-конференција
Кога не блокира закони ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести со цел да внесе вознемиреност во јавноста.
Таква е и денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски кој по кој знае кој пат ги лаже граѓаните.
Лагите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ се целосно демантирани.
Како што јавно соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство екипите уште од вчера се терен и постапуваат по случајот на птичји грип, се врши епидемиолошко истражување, а денеска заседавал и Националниот центар за контрола на болести.
Сето тоа е преземено уште пред Трипуновски да излезе на прес-конференција.
Граѓаните да останат смирени и да не потпаѓаат на лагите на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не нуди решенија туку само лаги, конструкции и манипулации.