Соопштение за јавност
Архитектот и професор Мирослав Грчев од програмската трибина Агенда 20-24 посветена на темата инфраструктура говореше за Законот за урбанистичко планирање којшто беше донесен изминатите денови по сериозна дебата во којашто учествуваа, како што кажа модераторот на трибината и претседател на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Благоја Бочварски, коморите, општините, централната власт, стручната фела, а го процесот го координираше професорот Грчев.
Грчев напомена дека Законот за урбанизам е еден од пакетот на закони коишто почнуваат со законот за просторно планирање, за градежно земјиште, за катастар и за градење. Тоа е групација на закони коишто обезбедуваат нормативна структура за интелектуална и суштествена надградба на секое опшество, објаснуваше Грчев.
“Таа вистинска надградба во изминатите години доживеа таква деформација, само законите за урбанистичко планирање, за градење и градежно земјиште беа околу 100 пати менувани за 9 години. 110 пати не кажува колку е внатре променета метријата, таа се менуваше толку бесно во неконтролирани правци, водена само од партискио- мафијашко и поединечни интереси. Се правеше промена на закон само за еден случај, за бизнис промет”, рече Грчев. Наследивме легислатива не за граѓаните, не за доброто на државата, туку наменета за поединечна злоупотреба”, рече Грчев.
Законот за урбанизам којшто треба да влезе во употреба, пред се предвидува целосна транспарентност и отчетност за сите граѓани и невладини организации кои можат процесот да го следат електронски, но и да се вклучат во било кој дел од процесот – од иницијатива до реализација, објасни Грчев.
Тој кажа дека за тоа не мора да се биде само сопственик на парцела, туку преку најавување на веб страна на едноставен начин во која било фаза, ќе може да се вклучи секој поединец и да го следи процесот.
“Новиот закон обезбедува подобрување на целата сфера на развој, планирање, контрола следење, увид, отчетност, заштита на фундаменталните права на граѓаните, заштита на животната средина, на живеење и за прв пат се вградени обврски за мерки за справување со климатските промени”, кажа Грчев.
Жаклина Ангеловска од комората на овластени инжинери и архитекти, кажа дека за прв пат дописите, дебатите од работилниците, идеите на луѓето од фелата, стигнале и биле прифатени до министерството и другите надлежни институции.
Ангеловска рече дека претходно кога се граделе големи објекти не се размислувало многу неселбата и луѓето коишто живеат во неа.
“Кога се гради во урбана зона дали се размислуваше што ќе се случи со самата населба и околината.
Токму од вакви урбанистички плански решенија, капацитетот на отпад е зголемен, сите системи градски се оптеретени и ние треба да се прашуваме од каде е загадувањето на воздухот”, рече Ангеловска.
Ангеловска кажа дека јавниот интерес е вратен на повисоко ниво на оваа тема и дека сега се наоѓаме во пресвртница.