fbpx

Наместо празни оправдувања, Арсовска да го продолжи проектот Универзална сала

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Реконструкцијата на Универзална сала со месеци стои закочена поради неспособноста на градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска.

Наместо реализација на проектот за кој Владата има дадено 2 милиони евра на Град Скопје, Арсовска се обидува со лага да ја оправда својата неработа.

Нејзините невистини ги демантираа и градежниците. Проектот за Универзална е стручен и безбеден, има добиено позитивно мислење од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, од Градежниот факултет, а надзорот ги одобри сите градежни зафати.

За овие 4 месеци и колку што е градоначалничка, Арсовска требаше да ја заврши оваа фаза од проектот, а не да измислува празни оправдувања.

Данела Арсовска да престане да измислува оправдувања и да го заврши овој важен проект за скопјани, но и за целата држава.

Градоначалничката на Скопје да не ги потценува граѓаните туку да почне да го работи она за што ја добила довербата – да реализира проекти во интерес на Градот.

Последни вести