fbpx

Костовски кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Тргнете еден ваш пратеник за Зендели да остане во Комисијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Правило е секогаш парламентарното мнозинство да има претседател и мнозинство во Комисијата за изборите и именувањата, порача пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски на денешната седница на Собранието.

„Фадил Зендели сам одлучи да го напушти парламентарното мнозинство. Доколку сте толку демократи, одважете се, тргнете еден ваш пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата и поддржете го Зендели да остане во таа комисија“ истакна Костовски обраќајќи се кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Костовски порача дека со пресудите за предметот „Титаник“ е доказ дека денес има правда и законите важат за сите подеднакво.

 

Последни вести