Соопштение за јавност
Пратениците од коалицискиот партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Левица, денеска гласаа против Декларацијата за Украина во македонското Собрание.
Левица ја поддржува Русија во агресијата врз Украина.
Коалицискиот партнер на Мицкоски, Димитар Апасиев веќе ги користи зборовите на Путин. Денеска и пратеникот Крмов ги нараче Украинците неонацисти.
Да се поддржува воена агресија врз суверена држава е недозволиво, тоа е кршење на меѓународното право и суверенитетот на Украина.
Левица е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието но и на локално ниво во многу општини.
Кој е ставот на Христијан Мицкоски за поддржувањето на воената агресијата на Русија врз Украина од страна на неговиот партнер Левица?