fbpx

Рекордно зголемување на пензиите, во просек по 900 денари и финансиска помош од 1000 денари за пензионерите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ и претставниците на пензионерите постигнаа историски договор за нова методологија со која пензиите се покачуваат просечно за 900 денари, како и 1.000 денари за финансиска помош за пензионерите.

Над 330.000 пензионери во овој период на криза, ќе добиваат по 1.000 денари во наредните три месеци, за достоинствен живот.

Ова е рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата. Околу 12.000 денари плус ќе легнат на сметките на пензионерите оваа година.

Дури и во време на криза, СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и продолжува да го заштитува стандардот на граѓаните.

Последни вести