fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ја замајува јавноста со измислени афери за работата на МВР

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Немајќи што друго да понуди, немајќи идеи и проекти за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да измислува непостоечки скандали.

Јавните набавки за опрема за Министерството за внатрешни работи се во согласност со законите и процедурите.

Како што објави и Министерството, избраниот понудувач е констатирано дека ги доставил сите барани документи согласно Закон за јавни набавки и истиот немал изречено забрана за учество по никој основ уреден во Законот за јавни набавки.

Сите услови и спецификации кои се побарани во јавната набавка се исполнети и не постои никаква можност за злоупотреба.

Но овој демант од официјална институција не е доволен за ВМРО-ДПМНЕ, па од белиот дворец и понатаму шират лажни вести за работата на МВР.

По кој знае кој пат се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо освен блокади, лажни вести и конструкции.

Последни вести