Соопштение за јавност
Во време на глобална криза, мерките и политиките на СДСМ даваат реални, видливи резултати.
Согласно податоците од државниот завод за статистика, невработеноста е на најниско ниво од независноста досега – 15.2 отсто.
Невработеноста успеавме да ја намалиме за 5,6% во време на здравствена криза со економски последици во споредба со 2020 година.
Тоа е потврдено и со извештајот на ММФ кој констатираше дека со успешните мерки на Владата спасени се над 60.000 работни места.
СДСМ покажа грижа и за зачувување и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Просечната плата ја зголемивме на 29.943 денари, додека минималната плата ја покачивме на историско највисоко ниво досега од 18.000 денари.
СДСМ го реализира и најголемото покачување на пензиите. Со новата методологија пензиите ќе растат во просек по 900 денари, а обезбедивме и финансиска помош од 3.000 денари за сите 330.000 пензионери.
Со СДСМ растат платите и пензиите и се намалува невработеноста и во време на глобална и енергетска криза.