Соопштение за јавност
Приоритет на институциите предводени од СДСМ во време на глобална економска и енергетска криза е заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на стопанството.
Антикризниот пакет составен од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра, веднаш почна да дава резултати.
Со мерката за намалување на маржите во комбинација со мерката за намалувањето на ДДВ на основните прехранбени производи на 0 отсто, цените на основните прехранбени производи оставуваат стабилни.
Со овие мерки се опфатени лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот.
Со навремени мерки ги штитиме граѓаните од ценовен шок на основната храна.
СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики што заштитуваат стандардот на сите граѓани и обезбедуваат економска стабилност.