Соопштение за јавност
Пакетот на владата предводена од СДСМ од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра веднаш почна да дава ефекти.
Како резултат на мерката за намалување на ДДВ и акцизата намалени се малопродажните цени на горивата.
Со ефикасност во реализацијата на антикризните мерки цената на бензинот се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.
СДСМ како одговорна партија во време на глобална економска и енергетска криза продолжува со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат одржување на економска стабилност.