Соопштение за јавност
Пратеничката на СДСМ Даниела Колева во емисијата „Објектив“ на НТВ истакна дека Владата во услови на нови предизвици на глобална криза, во постковид период и под влијанието на војната меѓу Русија и Украина, донесе добро обмислен пакет од 26 мерки поделени на директна помош на граѓаните и одржување на ликвидноста на стопанството.
Мерките се насочени најпрвин на заштита на куповната моќ на граѓаните со повластена стапка на ДДВ на основните прехранбени производи, потоа со замрзнување на маржи се обезбедува помош за домаќинствата, тука се и субвенциите за најранливите категории граѓани, 35.000 граѓани во април мај и јуни ќе добијат 1000 денари за купување на основни продукти, а повластената стапка за електричната енергија, која е на терет на државата во висина од 7 милиони евра претставува заштеда за граѓаните, нагласи Колева.
Таа додаде дека овие мерки се главно насочени на граѓаните, да имаат опфат на што поголем дел од граѓаните и наведе дека тука е и помошта за пензионерите, кои покрај покачувањето на пензиите, три месеци ќе добиваат 1000 денари, што државата ја чини 16 милиони ерва.
Мерките се изгласани едногласно и се надеваме дека ќе го дадат посакуваниот резултат, пакетот е добро обмислен, а во неговата изработка се вклучени сите релевантни институтуции, експерти, претставници на компаниите, коморите, донесен низ социјален дијалог, кој никогаш претходно го немало, рече Колева, додавајќи дека економскиот совет не ги носи мерките зад затворени врати, туку ги вклучува сите страни, тоа се покажа со покачувањето на минималната плата на 18.000 денари, методологијата за зголемување на пензиите.
Таа истакна дека постепеното носење на економските пакети мерки од пред две години со здравствената криза, вкупно 6 пакети во вредност од 1,2 милијарди евра, го даде посакуваниот ефект и стапката на невработеност се спушти на историски минимум од 15,2 отсто.
Граѓаните гледаат кој ветува и исполнува, едноставно и е на опозицијата да критикува, макар и да се работи за исти мерки како што и тие ги предложиле, кога во државата ги има сите потребни залихи, нема простор за паника, порача пратеничката на СДСМ Даниела Колева во емисијата „Објектив“ на НТВ.