fbpx

Ново намалување на цената на горивата, антикризните мери даваат резултат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ефикасните мерки на Владата предводена од СДСМ за намалување на ДДВ и акцизата, како дел од антикризниот пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра, веднаш ги намалија цените на нафтените деривати и горивата.

Додека насекаде во државите од регионот цените на горивата растат поради најголемата економска и енергетска криза, кај нас се намалуваат токму како резултат на овие мерки.

Со ефикасност во реализација на антикризните мерки цената на бензинот веднаш се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.

Од полноќ дополнително се намали цената на дизел горивото за три денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари.

СДСМ како одговорна партија во време на криза продолжува со реализација на мерки и политики кои го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат одржување на економската стабилност.

Последни вести