Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски се откажа од долго најавуваните протести уште од почетокот на годината, со што призна дека нема поддршка за граѓаните.
Катастрофалната работа на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е сигурно една од причините. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување, најслаби градоначалници во историјата, за неколку месеци не сработија буквално ништо. Немаат ниту еден реализиран проект а парите на граѓаните расипнички ги трошат само за луксузирање и партиски вработувања.
Мицкоски не собра храброст да ги повика градоначалниците од неговата партија да се фатат за работа и да престанат да аздисуваат со парите на граѓаните среде криза.
Дополнително, по признанијата и пресудите во предметот Титаник, со коишто беше потврден целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски пропушти шанса да им се извини на граѓаните, да се огради и да поднесе оставка.
Очигледно Мицкоски ниту самиот не знае кај тера.