fbpx

СДСМ ги помага и земјоделците, нови 250 милиони денари финансиска поддршка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделскиот сектор и за сите земјоделски гранки подеднакво.

Се воспоставува Интервентен фонд за земјоделство со 250.000.000 денари наменети за земјоделците кои се соочуваат со потешкотии во производството.

Фондот предвидува 120.000.000 денари директна поддршка за набавено вештачко ѓубре за производителите на пченица и јачмен, односно 2500 денари по хектар.

За одгледувачите на овци ќе се реализира директна поддршка од 400 денари по грло предадено јагне во кланичен капацитет за периодот од јануари до мај 2022 година, а одгледувачите на свињи ќе добијат по 1500 денари по грло за гоеници над 90 килограми, кои се одгледани и предадени во кланичен капацитет за периодот од февруари до април 2022 година.

Во услови на светска криза Интервентниот фонд за земјоделство е уште еден механизам за ублажување на предизвици во земјоделското производство, кој во наредниот период ќе се проширува и дополнува со нови мерки.

СДСМ како одговорна партија спроведува политики, кои се одговор на потребите на граѓаните.

Последни вести