fbpx

Димковски од трибината Агенда Земјоделство 20-24: Тутунарите не се оставени на цедило, инспекторатот е на терен!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Државниот инспекторат за земјоделство од понеделник излегува на терен да изврши драстични контроли во врска со проблемите со откупот на тутун, порача Трајан Димковски,член на Централниот Одбор на СДСМ иминистер за земјоделство, шумарство иводостопанство на трибината Агенда 20-24 воСтрумица.

Тој додаде дека тутунарите нема да бидат оставени на цедило, а ако се утврдат неправилности при откупот ќе следат казни за тутунските компании, за да нема застој во откупот на тутунот.

Инаку, оваа влада создава одличен амбиент во откупот на тутун, за кој се даваат 30 милиони евра субвенции, и тоа 80 денари за прва класа, 70 денари  за втора класа и 60 денари за 3 класа и за останатите класи, истакна ТрајанДимковски, на трибината Агенда 20-24 воСтрумица.

Последни вести