Соопштение за јавност
Првите предизвици на оваа Влада беа да најде доволно средства за се она што беше заостанато како долг од државата кон граѓаните, кон земјоделците, она што во различни програми по различни години, не беше реализирано, односно субвенции коишто воопшто не беа исплатени во тој период, порача генралниот секретар Љупчо Николовски на трибината Агенда Земјоделство 20-24 која се одржува денеска во Струмица.
– Денеска можеме да кажеме дека 341,5 милиони евра од националните програми за земјоделство веќе во овие 2,5 години се вратени како средства назад кон граѓаните, но тоа не се само за една или две програмски години, тоа се за програми во земјоделството за директна поддршка на земјоделството од 2012, 2013, 2014 година, рече Николовски.
Зборувајќи за наследената состојва во Министерството како и во другите институции, Николовски истакна дека биле затекнани напластени проблеми за кои Владата предводена од СДСМ, работела да најде решение, а за некои проблеми и ситуации се носеле и нови закони.
Затекнавме институции коишто повеќе пари трошеа за службени патувања, за трошоци направени од страна на министри, заменици, директори за да се луксузираат во текот на својот мандат и трошоци коишто дури биле наменети за други програми,наместо за земјоделството, односно пари кои биле за градење на скулптури, за реклами, односно непродуктивни трошоци коишто оваа Влада веднаш ги скрати, додаде Николовски.