fbpx

Град Скопје ја прогласи 2020 за година на Славко Јаневски, а ВМРО-ДПМНЕ го лустрираше

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Град Скопје ја прогласи 2020 за година на Славко Јаневски, а ВМРО-ДПМНЕ го лустрираше

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, по повод 100 годишнината од неговото раѓање, ја прогласија 2020 година за година на Славко Јаневски.

Родениот скопјанец Јаневски е еден од најголемите македонски творци и уметници кој остави длабоки траги во македонската книжевност и култура. 

Во годината на Јаневски Град Скопје ќе преземениза активности како изработка на мурал, именување на еден од библиотечните клонови во негова чест и именување на улица со што ќе се оддаде почит кон големиот уметник Јаневски.

Оваа голема личност за македонската книжевност беше под удар на нарачаната лустрација спроведена од ВМРО-ДПМНЕ. 

Заради лични и теснопоратиски интереси на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ со лустрацијата нанесе историска неправда врз Јаневски и неговото потомство. 

Денес, истото тоа ВМРО-ДПМНЕ се противи и не сака да се поништи политичкиот процес на лустрација. 

Со славењето на 2020 како година на Јаневски, СДСМ преку градската власт ја исправа неправдата и на достоен начин оддава признание на ликот и делото на Јаневски.

Последни вести